Mузичкотo наследство, караванот „Македонијо во срце те носиме“ вечерва пристигна во Делчево, каде што на Летната сцена во градскиот парк беше одржан концерт со богата музичка програма. Организаторите истакнаа дека караванот е повеќе од музички проект со единствена порака и искрена посвета на Македонија.
-„Со овој караван сакаме да ја обоиме Македонија со најубавите звуци, да нѐ потсети на нашите корени и на вредностите што нѐ држат исправени и горди“, порачаа тие пред присутните.
Публиката уживаше во живи изведби на безвременски македонски песни, меѓу кои „Не кажувај либе добра ноќ” (Огнен Здравковски), „Како пиреј” (Ламбе Алабаковски), „Се собрале комитите” (Миле Кузмановски), „Ја излези стара мајко” (Марија Спасовска), „Горда Македонка“ (Зуица Лазова), „Нека живее Македонија“ (Сузана Спасовска), „Мајко силна“ (Александар Тарабунов), „Каде сте Македончиња“ (Андријана Јаневска) и „Ако умрам ил загинам“ (Наум Петрески).
На концертот присуствуваше и премиерот Христијан Мицксоки кој за присуството во Делчево објави на својот фејсбук профил.

-Вечерва бев во посета на Делчево. Имав можност да разговарам со граѓаните и да ја почувствувам топлината и гостопримството на овој убав град. Меѓу другото, присуствував и на концертот во рамките на проектот „Македонијо во срце те носиме“, каде што се слушнаа прекрасни македонски песни кои ја носат во себе душата и идентитетот на нашиот народ.Овој концерт е уште една потврда дека љубовта кон Македонија се чува преку песната, традицијата и заедништвото. Горди сме што македонската култура живее, се пее и се пренесува на новите генерации, истакна Мицкоски.
По Охрид и Делчево, караванот ќе продолжи во Штип, Струмица, Битола, Гостивар и Велес, а големото финале ќе се одржи на 24 септември во Прилеп.

Leave a Reply