Со порака исполнета со радост и искрени желби за успех, градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански им го честиташе почетокот на новата учебна година на учениците, наставниците, воспитувачите и негователите.
„Први септември е ден исполнет со возбуда, очекувања и нови предизвици. За нашите најмали кои за првпат седнуваат во училишните клупи ова е незаборавен момент, а за децата од градинките продолжување на нивното детско другарување и учење низ игра“, порача Китански.

Тој им посака на учениците училишните клупи да бидат место на радост, знаење и нови пријателства, а на наставниците и воспитувачите да продолжат со својата несебична посветеност да ги водат по патеките на знаењето.
Китановски нагласи дека Општина Пехчево и понатаму ќе остане сигурен партнер во подобрувањето на условите за образование и воспитание, бидејќи – како што рече – иднината на младите е и иднината на градот.
„Нека новата учебна година ви донесе многу успеси, здравје и среќа!“, стои во честитката на градоначалникот.

Leave a Reply