На градскиот стадион Гоце Делчев во Делчево денеска се одигра меѓународен пријателски натпревар меѓу екипата на Брегалница 1926 Делчево и гостите од Република Бугарија, Граничар од Логодаж.
Натпреварот заврши со победа на делчевскиот состав од 2:1, откако на полувреме резултатот беше израмнет (1:1). Победничкиот гол беше постигнат во второто полувреме.
За Брегалница 1926 Делчево овој натпревар претставува дел од подготовките пред почетокот на натпреварувањето во Третата лига – Исток, каде што минатата сезона тимот заврши на второто место по есенскиот дел.
Во првото коло од новата сезона, делчевци ќе гостуваат кај екипата на Ударник од Пирава, а од клубот најавуваат борба за висок пласман и оваа година.

Leave a Reply