Берово, 19 септември – Во беровското село Митрашинци денеска беше одбележана 81-годишнината од формирањето на 50-тата дивизија на НОВ и ПОМ и 14-тата младинска ударна бригада „Димитар Влахов“.
Свеченоста започна со едноминутно молчење во чест на загинатите борци и револуционери, по што делегации од општествениот и политичкиот живот положија свежо цвеќе пред споменикот во селото.

Во пригодниот говор беше потсетено на историското значење на формирањето и дејствувањето на дивизијата, како и на борбениот дух и непокорливоста што ја продолжуваат традицијата на разловечките востаници, кресненските бунтовници и илинденците – идеали кои го трасирале патот кон создавање на независна и самостојна држава.

Во рамките на програмата, настапија и учениците од подрачното училиште во Митрашинци при ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ – Берово.

Leave a Reply