Дел од кандидатите за градоначалници на Пехчево денеска свечено го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори. Кодексот го потпишаа актуелниот градоначалник Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ и Златко Николовски од СДСМ.
Кандидатката на Левица, Невенка Тренчевска, според информациите од Општинската изборна комисија, била уредно поканета, но поради оправдани причини била отсутна од настанот.
Со потпишувањето на Кодексот, кандидатите се обврзаа на фер политичка конкуренција, почитување на изборната волја на граѓаните и придонес кон демократски и достоинствен изборен процес во интерес на идниот развој на Пехчево.


Leave a Reply