Делчевецот и познат маратонец Александар Стоичовски вчера по 10-ти пат учествуваше на традиционалниот Скопски Виз Ер Маратон 2025, кој веќе стана вистински спортски празник на главниот град.
По само две недели од неговиот настап на Берлинскиот маратон, Стоичовски реши во Скопје да истрча еден релаксиран полумаратон. Но, како што истакна тој, идеалните временски услови и атмосферата на стартната линија го натераа планот да биде малку изменет – темпото беше побрзо, а резултатот подобар од очекуваното.
Стоичовски со време од 1:34:01 успеа да го заврши полумаратонот и да обезбеди трето место меѓу македонските учесници во својата категорија.
„Максимално уживав во трката и размената на позитивна енергија со учесниците и публиката од првиот до последниот метар,“ изјави Стоичовски по настапот.
Тој упати и честитки до Неда и Максим, кои дебитираа на трката на 5 километри и за првпат ја доживеаја магијата на Скопскиот маратон.
Со ова учество, Александар Стоичовски уште еднаш ја потврди својата спортска посветеност и љубов кон атлетиката, претставувајќи го Делчево на бројни светски маратони – од Берлин до Скопје.


Leave a Reply