Децата од „Весели цветови“ го откриваат светот на книгите во ЈЛБ „Илинден“-Делчево

По повод Детската недела, децата од детската градинка „Весели цветови“ од Делчево, на возраст од 4 и 5 години, утрово ја посетија Јавната библиотека „Илинден“ во Делчево.

Радосни и љубопитни, малите посетители прошетаа низ светот на книгите, слушнаа како работи една библиотека, како се издаваат книги и научија за магијата што ја носи читањето. Вработените ги пречекаа со насмевка, им раскажаа како се чуваат книгите и им овозможија да прелистуваат сликовници полни со бои и фантазија.

Посетата заврши со песна, а децата си заминаа со ветување дека ќе се вратат повторно, бидејќи библиотеката е место каде секој ден носи нова приказна.

Благодарност до директорката Билјана Симовска, воспитувачката Марија Стоименовска и негователките Весна Цветкова и Данче Ѓеоргиева, кои беа дел од оваа убава детска авантура.

Секое дете е мала искра што го осветлува светот со својата насмевка, чисто срце и бескрајна љубопитност. Во секое дете живее надежта, радоста и иднината, затоа да ги слушаме, поддржуваме и сакаме бескрајно.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*