Жителите на делчевското село Град започнаа акција за чистење на преполните контејнери, откако три недели никој не им го собира ѓубрето

Жителите на делчевското село Град сами ги чистат преполните контејнери, откако велат дека повеќе од три недели никој не ги испразнил. Објавата ја споделија во групата „Иселеници – село Град“, каде може да се види дека во чистењето бил вклучен Горан Анастасов со неколку други помагатели. Собраниот отпад е натоварен на тракторска приколка обезбедена од месната заедница.

Жителите апелираат до надлежните институции за редовно собирање на ѓубрето, со цел да се избегне натамошно загадување и создавање на непријатни услови за живот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*