Општина Делчево ја започна реконструкцијата на улицата „Солунска“, активност што е дел од годишната програма за инфраструктурни зафати.
Како што информира градоначалникот Трајковски Горан, пред започнувањето на градежните работи изградена е нова водоводна инсталација, со што е обезбедено стабилно и квалитетно водоснабдување и се создадени предуслови за целосно уредување на улицата.
– Со новиот, модерен и урбан изглед на улица „Солунска“ им овозможуваме на жителите подобри услови за живот и поубава секојдневна средина. Продолжуваме посветено да работиме на подобрување на инфраструктурата и создавање поуредено, современо и убаво Делчево – изјави Трајковски.

Leave a Reply