Доделени наградите од литературниот конкурс „Со зборови го градиме светот“

Во читалната на библиотеката денеска беа доделени наградите од литературниот конкурс „Со зборови го градиме светот“, со кој симболично беше заокружен месецот на книгата – октомври.

На конкурсот учествуваа ученици од двете основни училишта во градот, кои преку своите творби ја изразија љубовта кон книгата, читањето и пишувањето.

Комисијата за избор ги донесе следните одлуки:

Во категоријата проза:

  • Прво место: Сара Димитровска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска
  • Второ место: Сандра Николовска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Василка Ивановска
  • Трето место: Теодора Митевска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Маријана Стоименовска, и Максим Стефановски, ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Весна Иванова

Во категоријата поезија:

  • Прво место: Бојана Мирчевска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска
  • Второ место: Максим Стефановски, ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Весна Иванова
  • Трето место: Ева Калаџиска, ООУ „Ванчо Прке“, ментор Билјана Стоиловска, и Ангела Мавродиева, ООУ „Св. Климент Охридски“, ментор Валентина Даневска

Настанот помина во пријатна и инспиративна атмосфера исполнета со љубов кон пишаниот збор.

Организаторите упатија честитки до сите ученици и ментори, како и благодарност до двете основни училишта, наставниците по македонски јазик и училишните библиотеки, со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.

„Октомври – месецот на книгата е време кога се потсетуваме дека секоја прочитана страница е чекор поблиску до мудроста. Книгата не е само хартија – таа е пријател, учител и утеха. Во свет со екрани, книгата останува најубавиот прозорец кон светот,“ истакнаа организаторите.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*