Лара Никовска од КК Патриот во составот на репрезентацијата на Македонија под 15 години

Младата кошаркарка Лара Никовска, членка на КК Патриот, е повикана да биде дел од македонската репрезентација под 15 години, која ќе учествува на FIBA проектот U15, што ќе се одржи во Косово од 11 до 14 ноември.

Со ова, КК Патриот ја продолжува својата традиција на создавање и афирмирање на млади таленти кои го носат националниот дрес и го претставуваат клубот и државата на меѓународната сцена.

„Горди сме на успесите на нашите млади кошаркарки и веруваме дека Лара ќе ја оправда довербата и ќе покаже зошто е дел од репрезентацијата,“ велат од клубот.

Настапот на Лара Никовска претставува уште едно големо признание за квалитетната работа и посветеност во младинските категории на КК Патриот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*