Видео: Во Делчево продолжуваат активностите за промоција на безбедна училишна средина во СОУ „М.М.Брицо“

Делчево, 11 ноември 2025 – Во СОУ „М.М.Брицо“ – Делчево денес продолжија активностите започнати минатата учебна година во рамки на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, кој се реализира во организација на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Активностите опфатија спроведување на врсничка едукација, на која десет врснички едукатори, согласно одобрената методологија, работеа на темата препознавање и превенција на насилство во училишната средина. Тие го пренесоа своето знаење и искуство на повеќе од шеесет средношколци од училиштето.

Во рамки на проектните активности се одржа и средба со родители, чија вклученост е клучен дел од сеопфатниот пристап во превенција на насилството и создавање безбедна и поддржувачка училишна средина.

Со ваквите активности училиштето продолжува да ги поттикнува вредностите на меѓусебна почит, толеранција и ненасилна комуникација меѓу младите, со цел создавање позитивна и безбедна атмосфера за учење и развој.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*