БИСТРИ УМОВИ повторно најавуваат бесплатни курсеви по математика и информатика

Наша Делчевчанка со својата мајчинска љубов и талентот на својот син ја крои иднината на илјадници талентирани деца од Македонија

БИСТРИ УМОВИ повторно најавуваат бесплатни курсеви по математика и информатика

Кога една мајка ќе поверува во талентот на своето дете, тогаш започнува вистинската промена. Токму од таа мајчинска љубов, од решителноста и целосната посветеност на нашата делчевчанка Анита Атанасова-Грчев кон талентот на својот син Владимир Грчев, се роди иницијатива што денес им ја отвора вратата кон успехот на илјадници деца низ цела Македонија.

Инспирирана од извонредните постигнувања на Владимир – повеќекратен државен и меѓународен медалист – Анита го создаде здружението „Бистри Умови“. Она што започна како лична борба и поддршка за едно талентирано дете, прерасна во најголемиот бесплатен едукативен проект за млади таленти во државата.

И оваа година, по трет пат, „Бистри Умови“ ги отвора своите програми за сите ученици што сакаат да напредуваат. Организираме целосно бесплатни повеќемесечни курсеви по математика и информатика, достапни за ученици од сите градови и училишта низ Македонија.

До денес, овие курсеви ги посетуваа илјадници деца, а интересот секоја година постојано расте. Тоа е најсилната потврда дека кога ќе им се даде можност, младите умови секогаш блескаат.

Нашата визија е јасна: да обезбедиме поддршка, напредна едукација и реална шанса за успех за секое талентирано дете, без разлика од каде доаѓа.

Во „Бистри Умови“, учењето значи напредна програма, насока, мотивација и подготовка за натпревари – сето тоа целосно бесплатно.

„Нашата цел е едноставна – секое талентирано дете да добие шанса да успее“
изјави Анита Атанасова-Грчев, Претседател на БИСТРИ УМОВИ

Како да се пријавите?

Пријавувањето се прави преку линкот објавен на официјалниот Facebook профил на „Бистри Умови“: https://www.facebook.com/100095129580571

Потребно е да ја отворите објавата за бесплатните курсеви и да ја пополните пријавата. По завршувањето на пријавувањето, ќе се формираат групите и ќе бидат испратени сите потребни инструкции.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*