КК Патриот од Делчево ја оствари втората сезонска победа во младинската лига М16, совладувајќи го КК Баскет Кам во Македонска Каменица со убедливи 42:66 во „Пијанечкото дерби“.
Делчевскиот тим ги наметна темпото и резултатот уште од самиот старт, водејќи од првата до последната минута и контролирајќи го натпреварот во сите сегменти на играта. Иако во овој дел од сезоната не може да смета на својот најдобар играч, репрезентативката Ана Стоименовска, КК Патриот покажа карактер, дисциплина и тимска игра, што на крај резултираше со висока победа од 24 поени разлика.
Со овој триумф, делчевските кошаркарки потврдуваат растечка форма и амбиции за висок пласман во продолжението од сезоната.

Leave a Reply