
Градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, денеска ја посети детската градинка „Весели цветови“ по повод одбележувањето на Светскиот ден на детето – 20 ноември. Во радосна атмосфера исполнета со детска песна, насмевки и креативни изработки, децата испратија единствена порака – секое дете заслужува среќно детство и топол дом.
Градоначалникот Гоцевски упати јавен апел до сите институции, наставници, родители и граѓани да ги почитуваат и негуваат правата на децата, истакнувајќи дека возрасните имаат обврска да се грижат за најмладите и да создадат средина во која тие ќе растат безгрижно, среќно и исполнето.
„Децата имаат законски права, а ние возрасните – обврска да им обезбедиме безбедно и среќно детство, да ги учиме да сонуваат, но и да ги учиме на вредности кои ќе ги изградат како самоуверени и вредни личности. Посветено работиме на подобрување на условите во градинката и на финализирање на новата градинка, која наскоро ќе ги отвори вратите за дечињата. Планирани се и нови инвестиции во училиштата, игралиштата, зелените површини и мерки за поддршка на младите семејства. Тоа е инвестиција во иднината“, истакна Гоцевски.
Тој додаде дека сите чинители во општеството треба заеднички да создаваат средина во која секое дете ќе биде почитувано, вреднувано и заштитено.
Светскиот ден на детето се одбележува на 20 ноември, во чест на усвојувањето на Декларацијата за правата на детето од страна на Генералното собрание на ООН.
Градоначалникот Гоцевски во посета на Детската градинка ,,Весели Цветови”

Leave a Reply