
Соња Стаменкова, градоначалник на М.Каменица денеска присуствуваше на народниот црковен собир во селото Саса, посветен на Св. Архангел Михаил. Настанот се одржа во духот на традицијата и верското заедништво, со голем број верници и жители кои дојдоа да го одбележат празникот.
Стаменкова истакна дека црковниот собир бил исполнет со духовност, заедништво и можност за дружење со сограѓаните, како и за оддавање почит на богатото културно и духовно наследство што ја обединува заедницата. Таа упати благодарност за топлиот пречек и убавата атмосфера што ја пречекала во Саса.

Leave a Reply