
Во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево се одржаа два часа на тема танци и народни ора. За реализација на активноста беше задолжен Кристијан Трајановски, вработен во НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров” на кого специјалност му е оваа област.
-Училиштето во кое јас го завршив своето основно образование, а денес повторно имав чест и привилегија да бидам дел од него, но овој пат како едукатор. Заедно со учениците од 4., 5. и 7. одделение ги изучувавме првиот игроорен образец од орото „Копачка“ и орото „Топтан“, со што им овозможивме поблизок допир со нашата богата фолклорна традиција, истакна Трајановски во својата објава.
Тој упати голема благодарност до наставниците по физичко и здравствено образование Александра Атанасовска, Кирчо Жежовски и Влатко Стоименовски,
како и до одделенските наставници
Васка Филиповска, Даниела Петровска, Ирена Поповска и Атанаска Стоичовска
за нивната поддршка и прекрасната соработка.
-Исто така, искрена благодарност упатувам до директорот на ООУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево, г-дин Димитар Видимлиски, за поканата, довербата и поддршката во реализацијата на овие часови. Навистина е посебно чувство повторно да се вратам во училиштето каде започна мојот пат, и денес да ја пренесам љубовта кон танците и народните ора на новите генерации, заврши Трајановски во својата објава.


Leave a Reply