Започната е првата акција за чистење на локалниот пат што води од улица Маршал Тито кон село Тработивиште

Започната е првата акција за чистење на локалниот пат што води кон село Тработивиште, која се спроведува по целата делница – од крајот на улица „Маршал Тито“ во Делчево до селото. Локалниот пат се расчистува од диворастечка вегетација, наноси и отпад, поради дотрајаната состојба која ја нарушувала прегледноста и безбедноста во сообраќајот.

Градоначалникот Иван Гоцевски истакна дека ова е една од неговите први приоритетни активности, бидејќи патот е фреквентен и неопходен за жителите. Тој упати и апел до учесниците во сообраќајот да возат внимателно, со оглед дека екипите на ЈКП „Брегалница“ работат покрај коловозот рачно и со механизација.

Акцијата се реализира во рамките на кампањата „Се бориме за почист дом: Делчево со нула толеранција за отпад“, иницирана од градоначалникот. Паралелно со работите на патот кон Тработивиште, во градот продолжува интензивното чистење на јавните површини, и покрај лошите временски услови. Екипите веќе ги исчистија просторот покрај новиот градски и сточниот пазар, а во тек е и расчистување и оспособување на сливниците покрај коловозите низ Делчево.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*