Во најава „Ликовна работилница заедно со Центарот за дневен престој за лица со попреченост – Делчево“

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Ликовното студио и ателје „Љубомир Белогаски“ при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, во среда на 3 декември 2025-та година ќе го реализира проектот „Ликовна работилница заедно со Центарот за дневен престој за лица со попреченост – Делчево“.

Проектот, изработен од стручниот соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура Александaр Белогаски, ќе се реализира во соработка со ООУ „Климент Охридски“, ООУ „Ванчо Прќе“ и СОУ „М.М. Брицо“, и е финансиран од Министерството за култура во рамките на годишната програма за проекти од национален интерес.

Ликовната работилница ќе се одржи во просториите на ателјето „Љубомир Белогаски“, со учество на седум ученици од студиото и десет корисници од Центарот за дневен престој. Учесниците ќе работат со техника акрил на платно, при што се поттикна заедничка соработка, размена на идеи и взаемно запознавање преку творечкиот процес.

Белогаски истакна дека целта на работилницата е уметноста да се користи како поле за поврзување и развој на креативноста кај сите учесници. Завршените ликовни дела ќе бидат донирани на Центарот за дневен престој за лица со попреченост – Делчево, каде традиционално секоја година се организира изложба со нивни творби.

Организаторите нагласуваат дека ваквите активности ќе продолжат и понатаму, како дел од долгорочната соработка меѓу институциите и поддршката на инклузивни уметнички процеси.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*