Активна градежна ноќ: Градоначалникот Гоцевски објави видео од проширувањето на мостот на Габровчица

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски вечерва на својот официјален профил објави видео од терен, на кое се гледаат активните градежни активности на мостот преку реката Габровчица кон населбата Ново Делчево.

И покрај доцните часови, екипите на Општина Делчево со механизација и работници продолжуваат да работат на проширување на мостот, со што, како што посочи Гоцевски, се обезбедува подобра патна инфраструктура и поголема безбедност за сите жители.

„Работиме и доцна навечер за поубаво и побезбедно Делчево. Ова е дел од нашата посветеност кон граѓаните и подобрување на условите во секој дел од општината“, стои во објавата на градоначалникот.

Најави дека со исто темпо ќе се продолжи и во наредниот период, со цел уредување на критичните точки и модернизација на локалната инфраструктура.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*