
Заседава Локалниот Совет за превенција во Делчево. Истиот повторно се формира на иницијатива на градоначалникот Иван Гоцевски кој во своето излагање пред присутните стави посебен акцент на мерките за безбедно одбележување на празниците.
,,Советот ќе работи на подигање на свеста за тоа како граѓаните треба да постапуваат во празничниот период, со цел да се избегне употребата на пиротехнички средства и да се намали ризикот од инциденти”, рече Гоцевски.

По формирањето на Советот, Работната група која беше формирана ќе работи на изготвување едукативни содржини наменета за учениците преку одржување на предавања и активности во текот на декември.
Целта е од најрана возраст да се спречи употребата на пиротехника и да се поттикне одговорно и безбедно празнување.

Leave a Reply