Софија Петровска продолжува да блеска на тениските терени во Гетеборг

Софија Петровска продолжува да блеска на тениските терени во Гетеборг

Младата тенисерка Софија Петровска од Делчево, со родители од Делчево и Прилеп, продолжува да го потврдува својот талент на турнирите во Шведска. Во рамките на последните две турнири на Лерумс Тенисклуб, таа освои трето и прво место, потврдувајќи дека е една од најветувачките млади тенисерки.

На турнирот Lerum Open Junior 2025, Софија беше слобидна во шеснаесетина финале, продолжи со убедлива победа над Еллен Екстром во 8-мина финале 6:1; 6:1, и во четвртфиналето ја совлада Алма Табод со 6:0, 6:4 Во полуфиналето, се сретна со Хана Карчиќ, но загуби со 3-6, 3-6, и на крајот го освои третото место.

На следниот турнир, Софија демонстрираше голема упорност и доминација. Во шеснаесетина финале беше слободна, во 8-мина финале ја победи Хеда Јолбак со 6-0, 6-0, а во четвртфиналето повторно се сретна со Алма Табод, која ја совлада со 6-0 6-1. Во полуфиналето ја победи Ноеле Магнуссон Кан со 6-0, 6-1, и во финалето одигра 6-1 6-4 против Емили Јонсон го освои првото место.

Забележително е и ривалството со Алма Табод. Како што вели таткото на Софија: „Интересно е, за една година игравме 10 пати. Сега, во двете класи, во 4-финалето повторно се сретнавме.“ Оваа серија на натпревари ја прави победата уште повредна и го нагласува зголемувањето на нивното ниво на игра.

Со овие резултати, Софија Петровска покажува дека не само што поседува талент, туку и дисциплина и упорност кои ја водат кон врвот. Нивниот успех е гордост за семејството, клубот и за младите спортисти во регионот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*