Градоначалникот на Општина Делчево, заедно со претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, и претседателката на синдикалната организација при Општина Делчево, Ивана Ивановска, потпишаа Анекс за измена и дополнување на Колективниот договор на Општина Делчево.
Со потпишувањето на овој анекс се регулира и зголемува висината на платите на вработените во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Делчево, со што се решава долгогодишен, децениски проблем на професионалните пожарникари. Воедно, со измените во договорот се предвидува зголемување на платите и за сите вработени во Општина Делчево.

Од Општина Делчево посочуваат дека овој договор претставува значаен чекор кон унапредување на правата и статусот на вработените, подобрување на условите за работа, како и зголемување на мотивацијата, стабилноста и ефикасноста во извршувањето на секојдневните работни обврски.


Leave a Reply