Китански и Ружински со заедничка празнична посета на социјални установи

Градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, и градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, заедно со претседателот на Советот на Општина Пехчево, Миле Гошевски, и претседателот на Советот на Општина Берово, Влатко Шахпаски, остварија заедничка посета на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост и на Малиот групен дом.

Во рамки на посетата, тие им ги честитаа Новогодишните и Божиќните празници на децата и вработените во двата центри, упатувајќи желби за многу здравје, среќа и успех во Новата 2026 година.

Двајцата градоначалници на корисниците во Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост им подарија телевизор и прожектор, додека на вработените и децата во Малиот групен дом им беа донирани електричен шпорет за потребите на домот, како и новогодишни пакетчиња за секое дете.

Со оваа заедничка активност, претставниците на локалната самоуправа ја потврдија поддршката за лицата од ранливите категории и значењето на грижата и солидарноста, особено во пресрет на празниците.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*