
Во духот на македонската традиција, вечерва во Меана Две Липи се одржа традиционалното кршење на лепче со паричка со фолклорната група „Копачка“ – обичај што симболизира среќа, здравје и заедништво и претставува значаен дел од нематеријалното културно наследство.
Настанот беше збогатен со присуство на дел од изведувачите на „Копачка“, оро заштитено од УНЕСКО, кое претставува вистинска гордост за регионот и живо сведоштво за богатството на македонската фолклорна традиција. Присутните упатија честитки до новата кума Радмила Симевска, со желби за успешна и среќна година.
Во опуштена атмосфера, наполнета со радост и веселба, членовите на ЗФГ КОПАЧКА од с. Драмче, Делчево, ја прославија Новата 2026 година и Божиќ. Им благодариме на нашите гости, претседателот на Советот на Општина Делчево D-r Nikolco Stojmenovski и заменик градоначалничката д-р Андријана Илиевска Велковски, за честта и задоволството да присуствуваат на оваа прослава.
-Искажувам посебна благодарност за расположението и поддршката од страна на Градоначалникот Иван Гоцевски и општинското раководство, пренесена од претседателот на Советот, во врска со решавањето на најголемиот наш приоритет – потребата за просторот.
Воедно искрена благодарност и до гостите д-р Александар Стојменовски и д-р Сандра Стоиловска, за нивносто присуство и збогатување на овој настан.
Честитки до Радмила Симевска, на која и се падна паричката при кршењето на погачата! Ѝ посакуваме здравје, среќа и успех во работата и приватниот живот. Нека продолжи да шири позитивизам, одговорност и доследност во извршувањето на задачите во редовите на „Копачката“, истакна претседателката на ФГ ,,Копачка”, Перса Стојановска.

Во рамки на настанот беа упатени зборови на благодарност до членовите на фолклорната група за нивната посветеност во негувањето и пренесувањето на традицијата на идните генерации, како и за нивното гостопримство.
На традиционалниот настан присуствуваа претседателот на Советот на Општина Делчево, д-р Николчо Стојменовски, и заменик-градоначалничката д-р Адријана Илиевска Велковски.

Leave a Reply