
Денеска, во организација на Општинската организација на Црвен крст Делчево, во просториите на Домот на културата во Македонска Каменица успешно се реализираше редовната крводарителска акција за овој месец, која воедно беше и прва крводарителска акција во новата 2026 година.
На акцијата учествуваа бројни хумани граѓани, а вкупно беа собрани 44 крвни единици, кои ќе значат надеж и спас за многу животи.
Од ООЦК Делчево упатија искрена благодарност до сите крводарители кои несебично го даруваа најскапоценото – крвта, како и до сите институции и поединци кои придонесоа оваа хумана активност да помине успешно и во позитивна атмосфера.
„Хуманоста не познава граници – таа живее таму каде што срцата се отворени“, порачуваат од Црвениот крст, упатувајќи апел до граѓаните и понатаму да се вклучуваат во крводарителските акции.
🩸 Дарувај крв, спаси нечиј живот! 🩸

Leave a Reply