УПИС НА ЧЛЕНОВИ ВО ДРАМСКАТА СЕКЦИЈА ПРИ НУ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА „НИКОЛА ЈОНКОВ ВАПЦАРОВ“ – ДЕЛЧЕВО

Упис на членови во драмската секција при НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, како носител на културниот живот во градот, во рамки на своите програмски активности започнува иницијатива за повторно активирање на младинско драмско студио.

Со оваа иницијатива се создава можност за вклучување на локални млади таленти, соработка со професионални драмски актери, како и збогатување на културните содржини во Делчево. Целта е Центарот за култура повторно да стане простор на уметничко творештво, културна едукација и креативна комуникација.

Во таа насока, НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево започнува со упис на членови во драмската секција, кој е отворен за сите ученици и млади кои имаат интерес кон театарот и драмската уметност.

Преку работата во драмската секција, учесниците ќе имаат можност да развиваат:

актерски вештини (говор, глума, движење и импровизација на сцена);

тимска работа, дисциплина и одговорност;

креативно изразување, подобра комуникација и самодоверба при јавен настап.

Уписот ќе трае од 28 јануари до 28 февруари 2026 година.

Пријавувањето се врши во канцелариите на НУ Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево, секој работен ден од 07:30 до 15:30 часот, како и преку е-пошта на centarzakultura@yahoo.com

или на телефонскиот број 071/875-648.

Од Центарот за култура ги повикуваат сите ентузијасти и љубители на драмската уметност да се пријават и да станат дел од аматерското драмско студио, со порака дека уметноста секогаш треба да биде движечка сила во општеството, бидејќи културата поврзува, обединува и инспирира

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*