Средба на градоначалникот Гоцевски и директорот Трајче Здравков за нови проекти и развојни фондови

Денеска во кабинетот на градоначалникот на Делчево, Гоцевски, се одржа работна средба со директорот на Источно-планскиот регион, Трајче Здравков. На средбата се разговараше за унапредување и продлабочување на соработката меѓу Општина Делчево и Источно-планскиот регион.

Посебен акцент беше ставен на можностите за искористување средства од новите развојни фондови и програми, како и на потенцијалите за заедничко аплицирање и реализација на конкретни проекти. Целта на овие иницијативи е економски развој, подобрување на инфраструктурата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Двете страни ја потврдија заедничката заложба за интензивирање на соработката и навремено аплицирање на проекти, со цел обезбедување поголема поддршка и инвестиции за општината во наредниот период.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*