
Совет на Општина Делчево
Фото: www.delcevo365.mk
Претседателот на Советот на Општина Делчево, д-р Николчо Стојменовски, врз основа на законските и статутарните одредби, донесе Решение за свикување на 5. редовна седница на Советот на Општина Делчево.
Седницата ќе се одржи на 12.02.2026 година (четврток) со почеток во 10:00 часот, во Мултифункционалниот центар во Делчево, сместен на вториот кат од Спомен-домот АСНОМ Делчево.
За седницата е предложен следниот
ДНЕВЕН РЕД
1. Предлог-Одлука за определување на висината на надоместокот на членовите на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
2. Предлог-Одлука за определување на висината на надоместокот на членовите на Управниот одбор на ЈКП „Брегалница“-Делчево;
3. Предлог-Одлука за прифаќање на донација – противпожарна опрема;
4. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Штип и Општина Делчево за општински инспектор за патишта;
5. Предлог-Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Штип и Општина Делчево за општински инспектор за домување;
6. Предлог-Одлука за финансиска помош на Драган Георгиев од с. Илиово;
7. Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката на Училишниот одбор во СОУ „М.М. Брицо“-Делчево за отуѓување на електронски електричен отпад со сметководствена вредност нула;
8. Предлог-Решение за предлагање на член на Управен одбор на ЈУ Меѓуопштински Центар за социјални работи – Делчево;
9. Предлог-Одлука за давање согласност за ставање под залог на подвижни предмети сопственост на ЈКП „Брегалница“-Делчево како гаранција за обезбедување на плаќање на даночен долг на рати;
10. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект – станбена куќа, по барање на Митко Шиндев;
11. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект – станбена куќа, по барање на Кирчо Анастасов;
12. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден помошен објект, по барање на Петруш Орачки;
13. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект – гаража, по барање на Петруш Орачки;
14. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект – станбена куќа, по барање на Миле Мирчевски;
15. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден помошен објект, по барање на Миле Мирчевски;
16. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден помошен објект, по барање на Ванчо Мирчевски;
17. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден објект – станбена куќа, по барање на Киро Костадиновски;
18. Предлог-Одлука за утврдување на потребата од донесување урбанистичко-планска документација за бесправно изграден деловен објект, по барање на Јанчо Вангеловски;
19. Предлог-Годишна програма на Локалниот младински совет на Општина Делчево за 2026 година;
20. Прашања и предлози на членови на Советот.

Leave a Reply