Деана Величковска со W16 селекцијата денес против Словачка на Медитеранското првенство

Нашата ракометарка Деана Величковска, поранешна членка на РК Делчево, е дел од женската пионерска селекција W16, која настапува на Медитеранското првенство.

Во првиот натпревар на турнирот, македонската селекција претрпе тесен пораз од Италија со разлика од два гола. Натпреварот донесе дуел на две квалитетно израмнети репрезентации, при што италијанската селекција имаше предност преку две ракометарки кои ја направија клучната разлика на теренот.

Кај нашата селекција беа забележливи неискуство, трема и одредена конфузија од клупата, но истовремено и голема желба за докажување и борбеност, што е за пофалба и охрабрувачко за продолжението на првенството.

Се очекува македонските ракометарки, меѓу кои и Величковска, од натпревар во натпревар да играат сè подобро и да го покажат својот потенцијал.

Вториот натпревар на Медитеранското првенство македонската W16 селекција ќе го одигра утре со почеток во 16:30 часот, против селекцијата на Словачка.

Натпреварот ќе може да се следи во живо на следниот линк:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*