Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања за работењето на поранешното раководство на ЈКП „Брегалница“

Бараат одговорност за поранешното раководство, најавуваат институционална постапка.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Делчево на прес конференција денес излезе со реакција во која упатува обвинувања за, како што наведуваат, несовесно и противзаконско работење на ЈКП „Брегалница“ во периодот на претходната локална власт предводена од СДСМ.

Според нив, Советот донел одлука за ставање под залог на подвижен имот на претпријатието како гаранција за обезбедување на плаќање на даночен долг на рати. Од советничката група тврдат дека ваквата состојба е резултат на финансиски малверзации од претходното раководство.

Во реакцијата се наведува дека постојат индиции за криминал кои, како што тврдат, се предмет на постапување од надлежните институции. Тие апелираат до истражните органи да го испитаат случајот и да утврдат конкретна одговорност.

Од СДСМ засега нема официјален став во однос на изнесените обвинувања.

ЈКП „Брегалница“ е едно од клучните јавни претпријатија во Делчево, а одлуката за залог на имотот отвора прашања за финансиската стабилност и идното функционирање на претпријатието.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*