
Во спортската сала на СОУ „М.М. Брицо“ во Делчево, на 12 февруари 2026 година, се одржа вториот турнир од зонските натпревари во ракомет за основни училишта во женска конкуренција. Турнирот донесе возбудливи натпревари, борбеност и одлична спортска атмосфера.
Своите ракометни вештини ги одмерија екипите на ОУ „Ванчо Прке“ – Делчево, ОУ „Страшо Пинџур“ – Чешиново и ОУ „Св. Климент Охридски“ – Делчево. Натпреварите се одиграа во фер и коректна атмосфера, со голема поддршка од присутната публика.

Најуспешна беше екипата на ОУ „Св. Климент Охридски“ од Делчево, која со прикажана сигурна и организирана игра го освои првото место и обезбеди пласман на регионалните натпревари.
Зонскиот турнир уште еднаш покажа дека училишниот спорт претставува важен сегмент во развојот на младите спортисти, поттикнувајќи тимска работа, дисциплина и спортски дух.
На победничката екипа ѝ посакуваме многу успех на претстојните регионални натпревари.


Leave a Reply