ЗЕГИН И ФОНДАЦИЈАТА „Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА“ СО ДОНАЦИЈА ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО КИЧЕВО

По сериозните поплави што го зафатија Кичево и доведоа до евакуација на околу 250 лица од 63 домаќинства, компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска донираа пакети со вода, храна и средства за лична хигиена.

Донацијата е наменета за граѓаните кои привремено се згрижени во градската спортска сала Христо Узунов, каде што се обезбедени основни услови за сместување на најпогодените од природната непогода.

Пакетите содржат производи за секојдневна хигиена и основни прехранбени артикли, со цел да се олесни секојдневието на семејствата кои претрпеа материјална штета.

Со оваа хуманитарна акција, Зегин и Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ уште еднаш ја потврдија својата општествена одговорност и упатија порака за солидарност и поддршка во моменти кога на граѓаните им е најпотребна помош

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*