ЈЛБ ,,ИЛИНДЕН” ГО ОДБЕЛЕЖА 21 ФЕВРУАРИ – МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

Мајчиниот јазик е нашиот прв збор, првата мисла и најдлабоката врска со идентитетот. Тој ја носи нашата историја, култура и традиција и нè поврзува со минатото, сегашноста и иднината.

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Јавна библиотека „Илинден“ го одбележа овој значаен ден заедно со петтооделенците од ООУ „Св. Климент Охридски“ и наставничките Јулија, Васка и Даниела.

Преку креативна и едукативна работилница учениците се потсетија на старите македонски зборови кои денес ретко се употребуваат или се заборавени, како: абер, зијан, ѕрцала, ѓум, мастраф, тапија, баждарина, абдал, вршник, штембил, осојак. Тие имаа можност да ги запишуваат, да го откриваат нивното значење и да дознаат кои современи зборови ги замениле, со што се развива свеста за богатството на македонскиот јазик.

Со овие активности се негува љубовта кон мајчиниот јазик, се чува јазичната традиција и се поттикнуваат најмладите да ја откриваат ризницата на македонските зборови. Јазикот е нашиот идентитет, култура и наследство – да го сакаме, почитуваме и негуваме!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*