Работилница: Како старата облека да добие нов живот

Во рамки на проектот #Superschools, проф. Даниела Мијалчова одржа инспиративна и креативна работилница пред учесниците, посветена на одржливата мода и повторната употреба на старата облека.

Преку практична презентација, учениците имаа можност да научат како обични, веќе користени маици можат да се трансформираат во уникатни и оригинални уметнички дела. Со помош на маркери за текстил и креативен пристап, младите учесници ги применија своите знаења од текстилно-кожарската струка, спојувајќи ги дизајнот, креативноста и еколошката свест.

Активноста претставуваше одличен пример за практична настава, каде што учениците активно учествуваа во процесот на дизајнирање, покажувајќи голема посветеност, талент и оригиналност. Резултатот беа впечатливи и креативни маици, секоја со своја приказна и уникатен стил.

Преку ваквите работилници се афирмира значењето на текстилно-кожарската струка, а воедно се поттикнуваат одржливите навики, еколошката свест, креативното размислување и тимската работа кај младите.

Проектот #Superschools уште еднаш покажа дека образованието, кога е поврзано со пракса и креативност, може да биде моќна алатка за позитивни промени во заедницата.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*