Во Македонска Каменица пуштени во продажба влезниците за stand-up comedy вечерта со Никола Тодоровски

Влезниците за stand-up comedy настанот, кој ќе се одржи на 5 март 2026 година, се пуштени во продажба. Истите можат да се набават во просториите на Домот на културата, секој работен ден, во периодот од 08:00 до 15:00 часот.

Настанот ќе започне во 19:00 часот, а цената на влезницата изнесува 100 денари. Организаторите информираат дека настанот е наменет за публика со возрасна категоризација 16+, поради содржината на програмата.

Оваа stand-up comedy вечер е дел од културната понуда во градот и претставува можност за љубителите на хуморот и современата сценска уметност да уживаат во вечер исполнета со смеа и забава.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*