На 20 хектари во ШСЕ „Средна Обозна“ засадени багрем, јавор и јасен – донација од Halkbank

На 2 март 2026 година, вработените од подружницата Голак од Делчево започнаа со активности за пошумување на опожарена површина, која беше зафатена од големиот пожар во 2021 година.

Пошумувањето се реализира во рамки на Шумско-стопанската единица „Средна Обозна“, на локацијата викана Бозаковица, каде се опфатени вкупно 20 хектари површина. Претходно, теренот беше целосно исчистен и подготвен за обнова, со што се создадоа услови за успешно засадување на нови шумски насади.

Акцијата се спроведува со садници од багрем, јавор и јасен, кои се донација од Halkbank. Со оваа донација се овозможува побрза и поефикасна ревитализација на шумскиот појас, како и враќање на природната рамнотежа во овој предел на планината Голак.

Од подружницата истакнуваат дека пошумувањето ќе продолжи и во наредниот период, со цел целосна обнова на површините зафатени од пожарите и заштита на шумскиот фонд во регионот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*