ЈКП „Брегалница“ со интензивни активности за уредување на зелените површини во Делчево

Јавното комунално претпријатие ЈКП Брегалница продолжува со активности за уредување и разубавување на јавните површини во Делчево.

Од претпријатието информираат дека во тек е засадување нови садници на повеќе локации во градот, како и уредување на просторот со поставување украсен камен. Со овие интервенции се зголемува зеленилото и се придонесува кон подобрување на квалитетот на животната средина.

Поставувањето декоративен камен, како што посочуваат од ЈКП, овозможува поуреден изглед на јавните површини, полесно и поекономично одржување, како и заштита на почвата од појава на плевели.

Од претпријатието најавуваат дека активностите ќе продолжат и во наредниот период, со цел создавање почист, поуреден и поатрактивен град за сите граѓани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*