
Младата тенисерка Sofija Petrovska, која потекнува од Делчево по татко, освои прво место на тенискиот турнир Brottkärr Open, што се одржа од 28 февруари до 11 март во Ховос, во близина на Gothenburg, Шведска.

Петровска настапи во категоријата FS13 A, каде имаше одлична серија на убедливи победи. Во финалето таа ја совлада Amanda Zander со резултат 7–6, 6–2, со што го освои шампионскиот трофеј.
На патот до титулата, Петровска одигра сигурно во текот на целиот турнир:
- Осминафинале: победа против Juni Timfjord со 6–0, 6–0
- Четвртфинале: победа против Zofia Kozik со 6–0, 6–0
- Полуфинале: победа против Alva Danielsen со 6–0, 4–6, 10–3

Софија Петровска е од Делчево по татко, додека нејзината мајка е од Прилеп. Таа подолго време живее и тренира во регионот на Гетеборг, каде успешно се етаблира на младинските тениски турнири во Шведска и продолжува да бележи значајни резултати на терените. 🎾
Со оваа победа, младата тенисерка уште еднаш го потврдува својот голем потенцијал и перспективна иднина во тенисот.

Leave a Reply