„Ден на водата“ – заеднички едукативен проект на училиштата во Делчево

Средното општинско училиште СОУ „М.М.-Брицо“ Делчево, во соработка со основните училишта ООУ „Ванчо Прке“ Делчево и ООУ „Св. Климент Охридски“ Делчево, започнува со реализација на проектот „Ден на водата“.

Проектот има за цел да ја поттикне соработката меѓу училиштата и да ја подигне еколошката свест кај учениците за значењето и заштитата на водата како еден од најважните природни ресурси.

Планирани активности

Во рамки на проектот ќе се реализираат повеќе активности:

  • Формирање тимови од ученици од средното училиште кои ќе бидат носители на активностите;
  • Вклучување на ученици од основните училишта во тимовите, со активно учество во реализацијата;
  • Организирање показни вежби и демонстрации од областа на природните науки;
  • Истражувања во природа и набљудување на живиот свет;
  • Изведување едноставни научни експерименти;
  • Едукативни игри преку кои учениците на интерактивен начин ќе ги прошируваат знаењата од географија;
  • Промоција на активностите преку социјалните мрежи и локалните медиуми.

Очекувани резултати

Со реализацијата на проектот се очекува:

  • Подобрена соработка помеѓу училиштата;
  • Развивање на практични и истражувачки вештини кај учениците;
  • Зголемена еколошка свест и грижа за природата;
  • Поголема видливост и афирмација на СОУ „М.М.-Брицо“ во локалната заедница.

Со овој проект, СОУ „М.М.-Брицо“ Делчево ја продолжува традицијата на организирање едукативни и еколошки настани, кои ги поврзуваат учениците со природата и ја поттикнуваат нивната одговорност кон животната средина.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*