Македонска Каменица: Продолжуваат активностите за уредување на просторот покрај стариот пат кон Кочани

Во Македонска Каменица продолжуваат активностите за расчистување и порамнување на теренот покрај стариот пат Македонска Каменица – Кочани.

Според најавата на локалната самоуправа, веќе утре ќе започне и засејување на трева, со што просторот ќе добие уреден и зелен изглед.

„Работиме посветено за поубава и почиста Македонска Каменица“, изјави Соња Стаменкова, истакнувајќи ја важноста на ваквите активности за подобрување на јавниот простор и квалитетот на живот на граѓаните.

Локалната самоуправа најавува дека продолжувањето на овие активности ќе овозможи просторот покрај стариот пат да стане пријатно место за сите жители.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*