
Делчево, 24 март 2026 – Општина Делчево и Доброволното противпожарно друштво „Волонтер“ Делчево денес потпишаа Меморандум за соработка, со цел унапредување на координацијата и подготвеноста за справување со пожари и други елементарни непогоди.
Со меморандумот се предвидува воспоставување на континуирана соработка, реализација на заеднички активности и преземање конкретни мерки за подобрување на безбедноста на граѓаните.
Од Општина Делчево информираат дека ќе обезбедат логистичка и техничка поддршка на доброволното друштво, во рамките на своите можности, со цел зголемување на ефикасноста при интервенции на терен.
Претставниците на општината изразија благодарност за ангажманот и придонесот на членовите на друштвото во заштитата на заедницата, нагласувајќи дека заштитата на населението и создавањето побезбедна средина остануваат врвен приоритет.

Leave a Reply