
Делчево, 24 март 2026 – Во рамки на програмата за кариерно советување, денес за учениците од четврта година се одржа презентација од претставници на Меѓународниот Славјански универзитет.
Преку интерактивна презентација и директен разговор, матурантите имаа можност да се запознаат со студиските програми, условите за запишување и можностите за понатамошно образование.
Од организаторите информираат дека ваквите активности имаат за цел да им помогнат на учениците полесно да донесат одлука за избор на нивниот иден образовен и професионален пат.
Учениците покажаа интерес за понудените информации, поставувајќи прашања и дискутирајќи за можностите што им се нудат по завршувањето на средното образование.

Leave a Reply