Потпишан договор за изградба на современ објект во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“

Берово, 8 април 2026 (МИА) – Општина Берово започнува реализација на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во својата понова историја – изградба на нова мултифункционална сала во рамките на Домот на култура „Димитар Беровски“, со вкупна вредност од 115.274.195 денари.

Денеска беше потпишан договорот за изведба со компанијата „Фабрика Карпош“ од Скопје, со што и официјално започнува реализацијата на проектот.

Градоначалникот на Берово, Петар Ружински, истакна дека станува збор за капитална инвестиција која ќе придонесе за унапредување на културниот живот во општината.

„Во пресрет на Велигден, со огромно задоволство ја најавувам изградбата на новата мултифункционална сала, која претставува една од најзначајните инвестиции во историјата на Берово. На местото на поранешното кино, кое за многумина буди убави спомени, ќе изградиме современ и енергетски ефикасен објект, опремен со најнова технологија за концерти, театарски претстави и филмски проекции“, изјави Ружински.

Тој додаде дека овој проект не претставува само изградба на објект, туку и стратешки чекор кон развој на културата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

„Ова е влог во иднината на нашата општина. Ветивме развој и тоа го реализираме. Културата и визијата денес се спојуваат, отворајќи нова, модерна ера за Берово“, потенцираше градоначалникот.

Новата сала ќе овозможи одржување на различни културни настани и ќе стане централно место за културни случувања во регионот

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*