Хуман гест на сточари од Малешевијата за помош на пријател од Струмица

Заради поплавите што се случија во струмичкиот регион пред одреден период, на нашиот пријател, познаник и колега по мака и труд, Никола Колев, се одзвавме да му помогнеме во рамки на нашите можности, истакна на својот фејсбук профил сточарот Александар Мачевски од пехчевско Робово.

Никола во гореспоменатите поплави како што додава Мачевски изгуби дел од своето стадо овци, порафи што заедно со Зоран Чучуковски исто сточар од Пехчево покажале и докажавле дека и во Малешевијата сè уште постојат хумани луѓе со чувство за емпатија.

-Секој којшто ќе биде во можност и со желба да му даде поддршка на Никола, го повикуваме да го стори истото, за некој е ситница, за него во овие тешки моменти претставува многу, подвлече во својата објава Мачевски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*