Со силна посветеност, заедничка визија и искрена соработка помеѓу локалната самоуправа, јавните институции и жителите, успешно ги реализиравме активностите за уредување на јавните површини во село Град и во населбата Стар Расадник, објави денес на фејсбук градоначалникот Иван Гоцевски.
Овие интервенции според него не се само разубавување на просторот – тие се вложување во поквалитетен живот, во почиста околина и во чувство на припадност и грижа кон заедницата.
-Уредените зелени површини, исчистените јавни простори и подобрената инфраструктура придонесуваат за побезбедна, пофункционална и попријатна средина за сите генерации. Овој пример уште еднаш потврдува дека вистинските резултати доаѓаат кога сите работиме заедно – институциите како поддршка и двигател, а граѓаните како активни учесници во создавањето на подобро општество, подвлече Гоцевски.
Најави дека мисијата за почиста и поубава општина продолжува.
-Ќе продолжиме со исто темпо и посветеност во секое населено место, без разлика дали станува збор за урбана или рурална средина. Секој агол заслужува внимание, секој граѓанин заслужува достоинствени услови за живот. 🤝 Заедно градиме уредена, чиста и хумана заедница – место каде што вреди да се живее, работи и создава, напиша на крај во својата објава Гоцевски.

Leave a Reply