Наставниците по историја Ѓоко Петовски и Влатко Атанасовски преку едукативна презентација го доближија значењето на востанието до учениците и присутните гости
По повод одбележувањето на 150 години од Разловечко востание, во ООУ „Свети Климент Охридски“ беше одржан историски час посветен на овој значаен настан од македонската историја.
Предавањето го реализираа наставниците по историја Ѓоко Петовски и Влатко Атанасовски, кои преку едукативна презентација ги запознаа присутните со значењето и улогата на Разловечкото востание во борбата за слобода.
На историскиот час присуствуваа претставници од Општината, ученици и вработени од училиштето, кои со внимание и интерес го проследија настанот.
Од училиштето посочија дека преку вакви активности продолжуваат да ја негуваат историската свест, традицијата и почитта кон културното и националното наследство, со цел младите генерации подобро да ги запознаат значајните настани и личности од македонската историја.

Leave a Reply