По повод одбележувањето на 150-годишнината од Разловечкото востание, во СОУ „Методи Митевски – Брицо“ во Делчево беше организиран историски час посветен на еден од најзначајните настани во македонската револуционерна историја.
На настанот учениците преку квиз, презентации и пишување есеи ја претставија историската улога и значењето на Разловечкото востание пред присутните ученици, наставници, како и претставници од општината и од основните училишта.
Од училиштето истакнаа дека со ваквите активности се поттикнува интересот кај младите за изучување на македонската историја и се негува историската меморија за настаните кои оставиле значаен белег во националното минато.
Настанот беше реализиран во духот на одбележувањето на големиот јубилеј – 150 години од Разловечкото востание, со порака за зачувување на историските вредности и почит кон делото на македонските револуционери.

Leave a Reply