Планинарски марш до село Саса, по повод 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ

Планинарски марш до село Саса, по повод 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ. Учениците од 7. одделение при ООУ „Св. Кирил и Методиј“ денес реализираа планинарски марш до село Саса, по повод 82-годишнината од загинувањето на народниот херој Вера Јоциќ.

Во организација на директорката на училиштето, учениците најпрво го посетија гробот и споменикот на Вера Јоциќ, каде наставникот по историја одржа пригоден историски час посветен на нејзиниот живот и херојско дело. Наставниците и учениците положија свежо цвеќе во знак на почит и благодарност.

По посетата, маршот продолжи кон манастирот Манастир „Св. Архангел Михаил“ во маало Аџии, каде учениците запалија свеќи за здравје и присуствуваа на заеднички ручек организиран во манастирскиот комплекс.

Настанот помина во духот на почитување на историјата, дружење и негување на вистинските вредности кај младите генерации.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*