Во селото Русиново вчера се реализираше организирана граѓанска акција за уредување на повеќе локации во населеното место, при што беа опфатени активности за чистење и косење на тревните површини на територијата од месноста Ѓердови воденици до крајните делови на селото.
Според информациите од организаторите, во рамки на акцијата биле спроведени активности за подигање на комуналната уреденост, со цел подобрување на изгледот и одржувањето на јавните површини.
Покрај уредувањето на селото, завршен е и капитален инфраструктурен зафат – изградба на потпорен ѕид во близина на локалниот храм. Проектот, како што се наведува, има за цел подобрување на безбедноста и стабилноста на теренот околу верскиот објект.
По завршувањето на работните активности, учесниците организирале заедничко дружење, кое, според локалните жители, е дел од традицијата на ваквите акции и придонесува за зајакнување на заедништвото во заедницата.
Локалните организатори посочуваат дека ваквите иницијативи ќе продолжат и во иднина, со цел натамошно уредување и развој на селото.
Најголемата поддршка и овој пат доаѓа од Благој Механџиски Зегин, но и од жители кои го сакаат селото.

Leave a Reply